Холивудскиот актер Ештон Качер неодамна ја запрепастил водителката Елен де Џенерис кога во нејзината емисија се појавил потполно гол. Актерот влегол во студиото, а публиката му аплаудирала. Елен, благо речено, се шокирала и му предложила да се облече бидејќи сепак би било попријатно доколку тој не би бил гол.


Инаку, Ештон Качер неодамна се разголел за рекламата на серијата „Два и пол мажи“ во која го заменил Чарли Шин. Меѓутоа овој пат отишол еден чекор подалеку. Актерот стоел збунето и се смешкал, а потоа ја запрашал водителката дали ја видела рекламната кампања за серијата во која ќе глуми. Потоа почнал да зборува за годишнината од бракот која наскоро ќе ја слави со актерката Деми Мур.