Холивудскиот заводник Ештон Качер ја зазел челната позиција на листата на „Форбс“ за најплатени телевизиски актери, со годишна заработка од неверојатни 26 милиони долари. Поранешниот соруг на Деми Мур, кој сега е со актерката Мила Кунис, веќе трета година по ред се наоѓа на првото место на оваа листа.

Зад себе ги оставил Нил Патрик Харис, Кевин Спејси, Џон Хем, Брајан Кренсто итн. На наследникот на Чарли Шин во серијата „Два и пол мажи“ се чини заработени милиони не му биле доволни, па го проширил својот бизнис на технолошка сфера, потпишувајќи доходовен договор со фирмата „Леново“.