Ештон Качер сака да ги усогласи својата страст кон модата и сопственото его па да стане водечко лице на најголемите светски дизајнерски брендови. Извор за медиумите рекол дека повеќе од било кога бил опседнат со својот изглед и стил. Изгледа дека повторно планира да се врати на своите почетоци. бидејќи кариерата ја започнал како машки модел.
Имал желба да работи за Поло, а секој месец трошел богатство на најновите и најскапите дизајнерски модели, бидејќи сакал да склопи голем моден договор на неколку години, открил истиот извор. Сваќал дека губел време и пари а не станал голем играч во светот на модата, па сега конечно почнал сериозно да ја сваќа сопствената промоција. Сака да ги потсети луѓето колку е упатен во светот на модата. Го бие глас дека е еден од најсебичните во Холивуд, но многу лесно би можел да добие петгодишен договор и десет милиони долари од познатите светски брендови.