Кога Ештон Качер го заменил Чарли Шин во популарната серија „Два и пол мажи“, исто така го превзел и неговото место за најплатен телевизиски актер, покажала најновата студија на списанието Форбс. Форбс проценило дека Ештон Качер од мај 2011 до мај 2012 година заработил 24 милиони долари, додека Шин, која сега игра во новата серија “Anger Management”, после отпуштањето не влегол во првите 10 најплатени актери.

На врвот на листата се наоѓаат уште и Хју Лори (Доктор Хаус), и Реј Романо со по 18 милиони долари. Следуваат Алек Болдвин (30 Rock), Тим Ален (Last Man Standing), Џон Крајер (Men) и Џони Галецки од серијата Бубалици.