Ештон Качер го заменил колегата Чарли Шин во хит серијата ‘Two and a Half Men’, а како привремен дом ќе користи луксузна приколка која изгледа како вила. Приколката ‘Baby Girl’има два ката, долга е 16 метри а тешка 30 тона. Таа ќе биде дом на Ештон Качер за време на снимањето на новите епизоди на серијата.
За изнајмување на оваа луксузна приколка ќе се издвојуваат околу 10 илјади долари неделно, но за Ештон тоа е само ситница, бидејќи наводно добил 20 милиони долари за снимањето на новата сезона на ‘Two and a Half Men’. Доколу пак сака да ја купи оваа приколка ќе мора да издвои два милиони долари.