Актерот Ештон Качер после една година забавување ќе ја запроси девојката Мила Кунис веќе следната седмица, штом официјално ќе се разведе од Деми Мур.

После две години од разделувањето, Ештон, „тежок“ 94 милиони долари, конечно ги договорил финансиските детали, па Деми ќе добие дел од неговото богатство иако не потпишале предбрачен договор. Се венчале во 2005, а поради ненадминливи разлики се разделиле во ноември 2011 година.