Актерот Ештон Качер наводно минатиот петок ја изневерил својата сопруга Деми Мур на денот кога прославила шест години од бракот. Веста за нивниот евентуален развод е во врвот на написите на сите американски таблоиди. За разводот наводно причина била неверството на Ештон Качер.
Последна во низата на љубовниците на Ештон Качер била 23-годишна девојка со која спиел на денот на годишнината од бракот, во Сан Диего, по ноќниот провод со своите пријатели. Иако еден ден подоцна тој и дем славеле шест години од бракот, Ештон Качер одлучил таа ноќ да ја мине без сопругата по ноќните клубови.