Бритни Џонс, која тврди дека имала афера со Ештон Качер, рекла дека со актерот водела љубов на каучот и дека тој е одличен љубовник. Актерот е во брак со Деми Мур, која од бракот со Брус Вилис има три ќерки. Бритни наводно го запознала Ештон додека бил со Деми и една од ќерките на куглање.


Три дена подоцна се сретнале во неговата куќа и воделе љубов на каучот додека Деми била на снимање. Додала и дека повторно се сретнале по две седмици, но тој тогаш ја прекинал аферата. Неговиот адвокат ги демантирал тврдењата и изјавил дека се обична лага.