Актерите Ештон Качер и Мила Кунис изјавиле дека сакаат да имаат венчавка слична на онаа на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а набрзо по таа изјава следела поканата на принцезата Беатрис тоа да го сторат во Кесингтонската палата.
Планираат свадба што поскоро, бидејќи, како што велат и самите, им здодеало да чекаат. И да сакале порани, не можеле, бидејќи Ештон сеуште бил во формален брак со Деми Мур. Нивното натегање околу разводот траело две години.