Мила Кунис и Ештон Качер тешко кријат колку се вљубени, а идните родители не можеле да ги тргнат рацете еден од друг за време на натпревар на ЛА Доџерс. Облечени лежерно, опремени со навивачки реквизити, уживале и во љубовта и во играта на својот омилен клуб.
Иако го следеле натпреварот, постојано се прегрнувале, бакнувале и допирале, и не можеле да сокријат колку се вљубени. Мила и Ештон ќе станат родители кон крајот на оваа година, а парот по се изгледа ужива во последните моменти пред да пристигне приновата.