Ештон Качер и Џастин Бибер ќе се појават во комедијата “What Would Kenny Do”, која ќе ја сними студиото „Сони“. Филмот, за кој сценариото го напишал Крис Балди, ќе раскажува за седумнаесет-годишно момче кое се обидува да замисли каков ќе биде на 30 години.
Тоа ќе биде прва филмска улога на Џастин Бибер, чиј концертен филм “Never Say Never” заработил 72 милиони долари во северноамериканските кина. Снимањето ќе почне 2012 година. Ештон моментално го снима филмот “New Year’s Eve”, а публиката неодамна имаше можност да го види во филмот „Без обврски“.