Ештон Качер (32) кој е во среќен брак со актерката Деми Мур (47), открил дека пред да ја запознае сегашната сопруга, го биел глас дека е голем заводник.

„Се запознавме преку заеднички пријатели. Деми мислеше дека сум безобзирен заводник“, вели Ештон. Откако ја сретнал Деми, вели дека веднаш знаел дека е таа “вистинската“.


„Пред да се запознаеме, буквално одев од врска во врска. Бев голем женкар. Не бев материјал за брак“, раскажува  Eштон. Додава дека со сите сили се трудел да се измени за да може да биде со Деми, бидејќи навистина за прв пат почувствувал толку силни чувства за некого.

„Заведував жени и морам да речам дека во тоа бев доста успешен“, се пофалил Ештон. Сепак, вели дека Деми го освоила кога ја чул колку грижливо разговара со својата ќерка.