Холивудскиот актер Ештон Качер се појавил на прославата на добротворната фондација Клинтон, само неколку часа откако анонимен извор соопштил дека актерот ја молел Деми Мур за уште една шанса. Актерот кој е во брак со Деми шест години, се појавил на забавата на фондацијата „Вилијам Џеј Клинтон“ не баш насмеан и расположен.
Ештон наводно ја молел сопругата, која ја изневерил со Сара Леал, да не продолжува со процедурата за развод која ја започнала, и да му даде уште една шанса. Извор близок на актерката изјавил како сите нејзини пријатели, колеги и членови на семејството и кажувале да продолжи понатаму. Но таа била во хаос, посрамотена од неговиот неверство. Според изворот, таа била многу силна, но и свесна дека ќе и биде тешко да започне од почеток со своите 40 години.