Ештон Качер и Деми Мур испланирале романтично патување во Израел со цел да ги обноват брачните страсти, и за сето тоа да не остане незабележано, 32-годишниот комичар редовно известувал за се што се случува преку социјалната мрежа Твитер.

„Ја делиме љубовта и светлината во Израел. Бараме енергија која ќе ги поврзе нашите сличности и пронајде компромис во нашите разлики“, напишал Ештон пред да полетаат од аеродромот во Лос Анџелес. Соочен со написите за неговите излегувања со атрактивна блондинка во ноќните клубови, ги повикал новинарите и приказната ја нарекол фикција, а неговата верна 47-годишна сопруга се надоврзала на неговиот демант и на Твитер напишала – “Одлична забелешка“.


Се чини дека Ештон и Деми премногу се трудат да го уверат светот дека имаат хармонична врска, но повеќе изгледа како меѓусебно да се уверуваат во поврзаноста. Новиот чекор, кој го опишуваат како пат на духовност, го побарале проучувајќи ја кабалата, само не е јасно зошто поради тоа морале да отпатуваат дури до Израел.