Американската аткерка, која се прослави со холивудските филмови „Колекционер“ и „Двојна опасност“, со политички активизам почна да се занимава пред од прилика десетина години, а сега Обединетите Нации ја ангажираа како нова амбасадорка на добрата волја. Популарната актерка Ешли Џад едвај чека да почне да работи.
Изјави дека прва цел ќе и биде да ги сопре договорените бракови помеѓу децата во земјите од таканаречениот трет свет. Според неа, тие девојчиња немаат право на глас, не смеат да се школуваат и живеат како робинки. Амбасадорка на добрата волја при Обединетите Нации е и популарната актерка Анџелина Џоли.