Есенското овошје освен што е слатко и вкусно за јадење, тоа е одличен извор на витамини и минерали кои ја регенерираат и хидратизираат кожата и косата. Од нив се произведуваат  раскошни гелови и купки за туширање, шампони за коса, неодоливи пилинзи  и лосиони за тело.

Смоквата има изразено анти-оксидациско својство кое ја негува и храни кожата и ја прави да изгледа свежа, витална и еластична. Смоквите се идеални за во лето и после завршување на летото, затоа што освен што содржат каротин, богати се и со Ц и Б витамини и со минерали кои ја подмладуваат кожата.

Сливите содржат цела низа лековити супстанци кои помагаат да бидеме позадоволни со својот изглед. Тие исто така изобилуваат со антиоксиданси и затоа често се користат за лекување на масна кожа склона кон акни.

Грозјето делува како природен тоник за организмот, а освен тоа е богато со доста хранливи состојки. Сите негови делови, семките, па дури и листовите на виновата лоза имаат состојки кои помагаат во одржување на младешкиот изглед на кожата , нејзиното обновување и е идеален лек за забавување на процесот на стареење.

OhridNews

Извор:SRETNA.HR