Обилните есенски врнежи добро им дојдоа на посевите, но и на зеленилото во парковите. Разлистаните цвеќиња и другите декоративни растенија во парковите ширум градот деновиве се средуваат. Се разубавуваат зелените површини на кејот, а се потстрижуваат и растенијата в долж булеварот Туристичка. Вредните работници од јавното комунално претпријатие деновиве ги затекнавме на градскиот кеј како ги средуваат парковските површини кои и во есен изгледаат прекрасно.


Есенско разубавување на парковите

Ohridnews