Охридските ракометари со триумфот над Вардар Јуниор во „Билјанини Извори“ ја заокружија успешната полусезона во Супер лигата.
„Гладијаторите“ со седум победи во девет мечеви се наоѓаат зад тимот на Металург кој со стопроцентен ефект ја освои есенската титула во елитата.
Исто бодови колку Охрид, но со послаба гол разлика е тимот на Работнички кој пак в сабота во 19 часот гостува во „Билјанини Извори“.
Покрај добрата игра и формата во прилог на охриѓани оди и распоредот во втората полусезона од Супер лигата.
Само чудо дури ни тоа неможе да ги спречи ракометарите на Охрид следната година да им спротистават на Вардар, Макс Струмица и Металург во разигрувањето за титулата.
Сино-бела рапсодија во „Билјанини Извори“
Реакции по мечот Охрид – Вардар Јуниор
„Гладијаторите“ мотивирано и без страв одговорија на „црвено црниот“ предизвик (фотогалерија)
Фото : Емилио
Мх.П.