Есенскиот првак во училишната лига во мал фудбал ќе биде познат утре по одигрување на натпреварите од последното коло во полусезоната во кое се среќаваат екипата на ОУ “ Григор Прличев“ која води на табелата со 18 бода и екипта на ОУ “Св. Наум Охридски“ од Пештани, која со бод помалку е на второрто место на табелата.
Се среќаваат уште: ОУ “Ванчо Николески“- ОУ “Дебрца, ОУ “Живко Чинго“ – ОУ “Христо Узунов“ и ОУ “Св. Климент Охридски – ОУ “Братсво“.Натпреварите започнуваат во 9 часот.
На листата на стрелци со по 9 голови водат Иво Трајчески од ОУ “Св. Наум Охридски“ и Горан Стојаноски од ОУ “Кочо Рацин“.