Актуелниот есенски првак тетовска Ренова традиционално во Охрид ќе се подготвува за продолжението на првенството во кое ќе се обиде да стигне до првата титула во својата клупска историја. По првиот дел првенстово тетовци имаат 5 бода предност пред Работнички.

 
Охрид постојана дестинација за Ренова

Во преодниот рок “гипсарите“ останаа без својот најдобар играч Бесарт Ибраими кој замина во германскиот Шалке 04.Избраниците на Влатко Костов до 20 јануари ќе се тренират во Тетово, а потоа заминуваат во Дојран за одработување на првата фаза од подготовките.

Втората фаза ќе биде во Охрид, а таму ќе се замине на 8 февруари и ќе се остане до 17. На 20 и 21 Ренова ќе биде дел од турнирот “Вуко Каров“ во Кавадарци.

М.П.