Eсенски попусти и промоција на новитетите во Кармен Бауцентар – Охрид во октомври. На настан кој ќе се одржи на 4-ти и 5-ти октомври ќе има широка понуда на висококвалитетни производи и алатки од светски познатите брендови „DeWALT“, „CLEVER“, „MARAZZI“, „VERTO“, „BOSCH“, „GRAPHITE“ и уште многу други.

За потрошувачите следат попусти почнувајќи од 15% па се до 60% на одредени производи, како и забава и ваучери за бесплатно пиво.

Долгогодишниот успех, потенцираат од „Кармен Бауцентар“ – Охрид“ се темели првенствено на амбициозниот и едуциран тим, а потоа и на лојалноста на нивните купувачи, а како одговор на тоа секоја година организираат настани, поддржани од нивните силни брендови, на кои организираат презентации и промоции проследени со големи попусти и бројни други изненадувања.

Нашите стручни тимови се тука да ви помогнат во секој чекор од вашите проекти, истакнуваат од „Кармен Бауцентар” Охрид.

Преку ексклузивното застапништво на реномирани брендови од повеќе гранки поврзани со оваа дејност се докажува дека „Кармен Бауцентар“ како лидер во модерното градежништво не само на локално ниво, туку на ниво на целата држава, чекори рамо до рамо со светски докажани компании во секторот градежништво.

OhridNews