1. Блуза со украсна машна-со ова парче облека, ќе бидете одлично облечени оваа есен.
2. Рамни чевли во машки стил- веќе ги има некое време, па оваа есен задржете ги. Одлично изгледаат без оглед на тоа дали се носат со панталони или здолниште, а нема да ве изневерат ни кога ќе заврне дожд.
3. Облеката од велур се врати на голема врата, па секако набавете си здолниште или фустан од оваа ефектна ткаенина.
4. Панталони со кратки ногавици- ги налагаат есенските трендови, а на вас е да одлучите дали ќе ги носите, бидејќи визуелно ја скратуваат фигурата.

5. Долг фустан-набавете си долг фустан и ќе бидете фантастично облечени во еден потег.
6. Комбинезон-тој е голем хит на модната сцена, па нема да згрешите ако и оваа есен го носите во комбинација со рамни чевли и џемпер.
7.Балетанки-удобни, женствени и може да се носат во секоја пригода. Изберете модел со врвци и носете ги со завратени фармерки.
8. Шешир-ова е кул моден додаток кој ќе ги воодушеви сите вљубеници во модата.
9. Кадифе-оваа ткаенина која зрачи со луксуз е многу посакувана оваа есен. Ако набавите кадифено сако или фустан, ќе добиете безброј комплименти.

извор:metro-portal.hr