Модата секоја година диктира бои кои ќе се носат во одредена сезона, а бидејќи есента штотуку пристигна, еве кои бои се популарни оваа сезона:

Боја на мов – навистина е слична со маслинесто – зелената, но сепак оваа сезона е апсолутен хит, особено за жените со маслинест тен и темна коса. Со неа најдобро се комбинираат парчиња облека со светло кафена боја.

Вино боја– елегантна, но воедно и лежерна боја која лесно може да се прилагоди како во секојдневното облекување, така и во свечените пригоди. Изгледот го прави посебен, па би било добро да имате нешто во таа боја, па макар и само марама.

Корално црвена – се разбира дека во оваа боја ќе бидете забележани каде и да одите, а специфичната нијанса сепак бара внимание при комбинирањето со други бои. Но, бидејќи потсетува на лето, набавете барем панталони или маица.

Маслинесто зелена – најдобро го одржува духот на есента, популарна е и лесна за комбинирање со останатите бои, но сепак не е за секого. Се разбира, предност имаат црвенокосите и зеленооките жени кои оваа есен можат да ја нагласат убавината без проблем со парчиња облека во оваа боја.

Сина – едноставно незаменлива и секогаш во мода, бидејќи е лесна за комбинирање, а единствено што мора да внимавате е со неа секогаш да облечете некој посветол детал,за да го разбиете впечатокот на униформираност.

извор: metroportal.hr