Ерван Фуере, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, прв доплива до столитарското буре со вино на денешното традиционално зимско капење во Охрид со кое се одблежува верскиот празник Собор на Свети Јован Крстител. Некогаш со зимското капење се означуваше крајот на забраната за риболов на пастрмката позната како „татиљот“, а сега се означува почетокот на ловот за вештачкиот мрест на пастрмката.
Ерван Фуере доплива до стилитарското буре со вино
Околу 60-на капачи скокнаа по бурето кое организаторот го подарува на најдобриот зимски капач. Од Здружението на граѓани „Богојавление“ на евроамбасадорот Фуере му беше врачена и сребрена копија на чесниот крст кој се фрла во Охридското Езеро за Водици.
над 2000 охриѓани присуствуваа на зимското капење
На големиот народен собир што се одржа во месноста Сараиште присуствуваа околу 2000 граѓани кои беа почестени греана ракија, вино и плашица.
Г. Момироски
фото: Васко Бујароски