Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска ќе добие клуч на Охрид, како симбол на признанието „Почесен граѓанин на Охрид“. Клучот ќе му го додели градoначалникот, Александар Петрески на свечена седница на Советот, која ќе се одржи вечерва во 19 часот.

Ова признание, согласно Одлуката за доделување награди и признанија на Општина Охрид, го доделува Советот на општината на истакнати личности кои имаат посебни заслуги во афирмацијата на Охрид во светот.

Во образложението на одлуката за доделување признание Почесен граѓанин на Охрид на Ерван Фуере, меѓу другото, се вели дека Признанието му се доделува: во знак на благодарност и признателност за неговиот придонес во афирмацијата на Охрид во светот и несебичното залагање за стекнување нови пријатели, почитувачи на Охрид, а со тоа и нови можности за партнерства и соработка со европските градови.

Ohridnews