Лицата задолжени за одржување на националниот парк Галапагос соопштија дека еруптирал вулкан кој би можел сериозно да ги загрози ендемичните растенија и животни. Во соопштението стои дека не постои опасност за населението на блискиот остров Изабела.
Тие соопштуваат дека лавата која се влева во морето е многу опасна за водните и копнени животни. Галапагос е дом на ендемични видови на растенија и животни кои биле основа за Дарвиновата теорија за еволуцијата. Научниците велат дека островот Фернандина е вулкански најактивен остров во архипелагот.