Во ерупцијата на вулканот Пацаја што се наоѓа на 25 километри од главниот град на Гватемала загинаа три лица.

Претседателот на државата Алваро Колом прогласи вонредна состојба и нареди евакуација на  околу 1800 лица кои живеат  во подрачјето околу вулканот како и затворање на меѓународниот аеродром Ла Аурора во главниот град Гватемала Сити кој претставува трет најголем аеродром во централна Америка.

Улиците се прекриени со пепел и камења од вулканот, пренесуваат медиумите.

Локален телевизиски новинар кој известувал од местото на катастрофата загинал откако врз него паднала карпа, а повеќе од 20 лица се повредени.

OhridNews
извор: „Макфакс“