Пет лица загинаа, а 20 се водат за исчезнати во ненадејна ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров,  инаку популарна туристичка дестинација, пренесуваат светските aгенции.

Од островот спасени биле дваесет и три лица од кои пет починале, а 18 завршиле во болница. Се претпоставува дека за време на ерупцијата на вулканот, на островот имало 50 луѓе. некои од нив биле забележани на само неколку метри од кратерот неколку минути пред ерупцијата. Властите се сомневаат дека има преживеани во природната катастрофа, на која сведочеле туристи во чамци кои исто така го посетиле островот.

Турист од Бразил раскажал дека на островот биле две групи. Првата во која бил тој го напуштила островот пет минути по обиколката, кога таму била втората група туристи.

Вулканот на Нов Зеланд последен пат еруприрал во 2001 година.

OhridNews