Кинеските издавачи од книжарниците повлекле колекција бајки на браќата Грим, откако случајно наместо изворните приказни превеле јапонска еротска интерпретација на бајките. Меѓу еротските приказни се нашла и Снежана, која е преиначена во хероина која има сексуални односи со џуџињата и сопствениот татко, а по смртта во нејзиното тело се вљубува некрофилен принц.
Портпаролот на кинеската издавачка куќа Кина Медиа Тајм изјавил дека не можеле да ги најдат оригиналните германски текстови на браќата Грим, па ги зеле јапонските верзии и ги превеле нив. Авторот на порнографските приказни Киру Мисао не бил ни потпишан во преведените дела.