Во црквата „Св. Софија“ синоќа настапи камерниот оркестар „Ермитаж“ од Русија, придружуван од солистите Александар Гиндин – пијано, Илја Норштејн – виолина, Андреј Бурков – виола и Ана Устјужанина – виолончело, кои изведоа дела од Корели, Вивалди, К. Ф. Е. Бах, Хајдн, Бах. Исклучителниот настап на руските уметници ја одушеви публиката во Св. Софија.

Ансамблот на солисти „Ермитаж“ го сочинуваат млади талентирани музичари кои во 2000 г. се обединиле околу познатиот обоист Алексеј Уткин. Во 2012 г. уметнички директор на ансамблот станува истакнатиот пијанист, „Заслужен уметник на Русија“ Александар Гиндин.

Ансамблот изведува музика создадена специјално за неговите концерти, која е на границите на музичките стилови, комбинирајќи ги џезот, фејт и етно правците. „Ермитаж“ изведува и литературно-музички перформанси со делата од А.С. Пушкин, Н.В. Гогољ, Ф.И. Тјутчев. Ансамблот соработува со ѕвездите на руската и светската сцена: Дмитриј Хворостовски, Елена Образцова, Давид Дениелс, Љубов Казарновскаја, Николај Петров, Игор Бутман, Михаил и Андреј Иванови, Валериј Гроховски, Александар Филипенко, Михаил Козаков и многу други.

„Ермитаж“ редовно остварува турнеи во Русија и Европа, учествувајќи на фестивалите во Летонија, Турција, Полска, Франција, Германија, Шпанија и други земји.

OhridNews
фото: Емилио