Македонската фудбалска репрезентација забележа значајна победа во фазата по групи во Лигата на Нации, откако на домашен терен со 2-0 (1-0) ја совлада селекцијата на Ерменија која е директен ривал за лидерската позиција.

До втората победа во исто толку одиграни натпревари „црвено црните“ стигнаа со по еден погодок во двете полувремиња. Во првиот дел мрежата на гостите ја погоди Езџан Алијоски од белата точка, додека во вториот прецизен беше Горан Пандев.

Избраниците на македонскиот селектор Игор Ангеловски со двете победи на стартот од Лигата на Нации ја остварија целта и мирно можат да се посветат на клупските обврски.

Во следната трета рунда Македонија на домашен терен ќе го пречека составот на Лихтештајн.

OhridNews