Македонската фудбалска репрезентација решавачкиот натпревар во групата Ц од Лигата на Нации против селекцијата на Ерменија ќе го одигра на неутрален терен на островот Кипар.

Преселувањето на ерменската селекција на Кипар е поради воениот судир помеѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах. УЕФА и дозволи на Ерменија да игра во ова земја. Мечот помеѓу Ерменија – Македонија се игра на 18 ноември во 18 часот на стадионот во Никозија.

„Црвено жолтите“ во ноемврискиот циклус покрај дуелот со Ерменија ја очекуваат дуел со Естонија, и историскиот меч со Грузија за пласман на Европското првенство.

Селекторот на А репрезентацијата Игор Ангелоски в петок ќе го соопшти списокот на фудбалери кои ќе имаат задача да обезбедат билет за ЕП и полуфинале во Лигата на Нации.

OhridNews