Фудбалерот Вараздат Харојан привремено ја прекина кариерата и му се приклучи на ерменската војска која се бори против Азербејџан.

28-годишниот фудбалер договори трансфер во грчки АЕЛ, но во последен час одби да се пресели и се врати во родната земја облекувајќи војничка опрема.

Според медиумите од Ерменија, Харојан веднаш бил мобилизиран и испратен во зоните каде двете армии водат жестока битка.

Харојан кој е дефанзивец во кариерата одиграл 52 натпревари за својата земја, а неодамна беше назначен и за капитен. Кариерата ја започнал во Пјуник, а играл за иранските клубови Ходру у Урал.

 

OhridNews