Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен причината за поразот од Ајакс (1-0) во Лондон во првиот меч од полуфиналето во Лигата на Шампиони ја најде во слабиот почеток на натпреварот. Ајакс на стартот од дуелот го наметна својот стил на игра, успеа да погоди преку Дони ван де Бек кој стрелаше прецизно во 15-та минута и да го задржи минималното водство до крајот.

  • Не го покажавме најдоброто од себе и затоа ми е најмногу криво. Првите 20 минути гледавме како Ајакс игра фудбал. Мора многу работи да промениме во реваншот. Ајакс изгледаше многу добро, а играше уште подобро. Се работи за добар тим. И ние сме квалитетни, но не покажавме ништо на синоќешниот натпревар. – изјави Ериксен.

Данскиот репрезентативец во 2013 токму од Ајакс се пресели во Тотенхем. Во англискиот клуб тој се афирмираше во квалитетен фудбалер и не е чудно што Реал Мадрид покажува интерес за него.

OhridNews

ЛШ: Ајакс го освои Лондон, големото финале на дофат (видео)