Репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен во зимскиот преоден рок ја промени средината откако од Тотенхем се пресели во Интер. „Нероазурите“ на Тотенхем му исплатија 20 милиони евра, а фудбалерот недела дена после трансферот ја отвори душата и јавно кажа некои работи низ кои поминувал во Лондон.

Ме прогласија крив за многу работи. Ме одбележаа како негативец. Читав дека јас сум виновен за негативната атмосфера во соблекувалната. Јас сакав да бидам фер и на управата и ги кажав моите планови. Не сакав да испаднам не фер играч спрема клубот, но мојата искреност ми се удри глава. Потоа ме третираа како црна овца и поминав низ вистински пекол. – изјави во интервјуто за BBC, Ериксен.

Данецот во дресот на Интер запиша веќе два настапи. Ериксен влезе од клупата на куп дуелот со Фиорентина, додека стартер беше на дуелот со Удинезе во Серија А.

OhridNews