Британскиот рок музичар Ерик Клептон го издаде новиот албум “I still do” во кој има песни и со акустична и со електрична гитара. Клептон, кој има 71 година, изјави дека снимањето на 23. студиски албум било болно иксуство за него бидејќи снимал песни и свирел иснтрументи со егзема каква што имал пред 40 години кога го снимал еден од своите први албуми. Музичарот рече дека нема да патува и да одржи турнеја, велејќи дека тоа е зад него.
Клептон додаде дека имал поддршка од своите три ќерки кои признаа дека не се толку заинтересирани за музиката на нивниот татко бидејќи се обожавателки на младиот поп пејач Џастин Бибер. Легендарниот уметник е единствен музичар кој три пати е примен во Рокенрол куќата на славните. Музичките критичари и публиката го сметаат за еден од најголемите гитаристи на сите времиња. Клептон е рангиран како втор на листата на „Ролингстоун“ меѓу гитаристите на сите времиња, како и 53 на нивната листа 100 најголеми уметници на сите времиња.