Познатиот гитарист Ерик Клептон донел одлука да вложи пари во својата клиника за рехабилитација на зависниците од дрога и алкохол, и да ги продаде своите гитари. Наредната година ќе ги стави гитарите на аукција во Њујорк, а сите добиени средства ќе одат во центарот за рехабилитација кој се наоѓа во Антигва.


Меѓу инструментите на аукцијата ќе се најде и гитарата со која Клептон свирел на повторното обединување на групата „Cream“ 2005 година, и се очекува да достигне цена од 13 илјади фунти. Ова не е прв пат Клептон да продава гитари за хуманитарни цели. Тој истото го сторил и претходно во два наврати и тоа 1999 и 2004 година, кога неговата гитара марка “fender stratokaster” била продадена по цена од неверојатни 607 илјади фунти.