Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го пушти во употреба третиот мост над Босфор во Истанбул, кој ги поврзува Европа и Азија.

„Дали сте подготвени?“, ги праша Ердоган насобраните луѓе кои вееја знамиња на церемонијата на пуштање на мостот. Тој потоа ја пресече лентата на најширокиот висечки мост во светот.

Мостот е наречен „Јавуз Султан Селим“. На свеченото отворање присуствуваат претседатели и премиери на неколку држави.

OhridNews
извор РСЕ