Кога веќе секој секому испраќа “отворено писмо” ,секојдневно вадејќи валкан веш ко најмоќна алатка за да се оцрни другиот а да се заташка сопствениот “минат труд”,еве ме инспирираат да напишам и јас едно ептен отворено и да држам чекор со актуелните трендови.

Најотворено ви благодариме што ни овозможувате да сме гледачи на таква политичка хумореска, која најверојатно нема да се повтори никогаш повеќе на ниедна политичка сцена. Почестени сме што иако како граѓани, не сме зафермани што мислиме ,сакаме или сметаме дека е добро за нас, ама скрос транспаренто сме информирани какви заврзлами сте кроеле пред да се свртите едни против други,кој кого “направил човек”,кој ја вработил швалерката, кој колку лапнал од тендер и како пратеничките автомобили трошат ко млазни авиони. Отворена благодарност за бескрупулозните лаги и манипулации што ни ги сервирате, а после не убедувате дека се сечени ,лепени и монтирани очекувајќи од нас да ја проголтаме приказната.

Многу отворено сакам да ви кажиме дека во цела оваа фрка, кога буквално ви горат вашите мазни мозоци, ние секојдневно споделуваме апели за помош на болни деца и социјално загрозени семејства. Делиме од нашите скромни буџети (знам дека терминот “скромен” ви е слабо познат), се здружуваме на сите начини да си помогниме и успеваме без да ве тревожиме вас, па вие сте толку зафатени со меѓусебно уништување нели…ние имаме обзир.

Како поотворено да ви пренесам дека од вашите пи*касти потези, тотално ви се истушија набилданите симпатии дури и кај оние што ги вработивте ”со решение” и масовна е желбата “негде да заминиме” .

Сериозни нагони за повраќање предизвикуваат вашите лицемерни помирувања, подмачкани со скапи лубриканти, а како впрочем и би поминал таков разврат “неподмачкан”.

Посакувам да останете без публика, да нема кој да ви ги слуша и гледа бедните говори, да нема кому да матите бистра вода,да бидите главни актери на некој пуст остров и таму да се јадите еден со друг, во вистинска смисла на зборот. Вие да бегате од овде, а не ние да бегаме од вас. Да бидат вашите слики и имиња на броевите за донации и секое утро да се молите да има некој што се смилувал на вашата несреќа, а знаете дека ќе нема…

И… да знаете дека има еден небесен суд од кој не се бега ни со најдобриот Мерцедес во Југоисточна Европа.

Марика

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите