Двајцата најдобри тенисери на планетата Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе ги одмерат силите во финалето на првиот грен слем турнир за оваа година Австралија Опен.

Ѓоковиќ на Надал во финалето му се придружи после рутинската победа во три сетови (6-0, 6-2, 6-2) над францускиот тенисер Лукас Поулие. Србинот во целост ја оправда фаворитска улога и го преслуша во буквална смисла 24-годишниот тенисер кој го оствари најдобриот пласман на австралискиот грен слем турнир.

Финалето се игра в недела на 27 јануари во 9 часот и 30 минути. Ѓоковиќ има шест титули на Австралија Опен, додека Надал само една. Ова ќе биде нивна втора пресметка во финале во Мелбурн. Прв пат се сретнаа во 2012 година. Ѓоковиќ победи во пет сетови.

OhridNews