Со пријателските натпревари на репрезентатициите започнуваат последните подготовки за квалификациите на континенталните собири.


Неколку интересни дуели ќе бидат во спектар на пошироката фудбалска јавност. Соочувањето на Лионел Меси – Кристијано Роналдо односно Аргентина – Португалија е натпреварот кој ќе ги одбележи овие пријателски средби.


Репризата на финалето од Франција 98` помеѓу домаќинот и “кариоките“. “Петлите“ во финалето на Бразил му одржаа вистинска лекција во фудбал совладувајќи ги со 3-0.


Кога сме кај Светските првенства вреди да се напомене епкскиот дуел во 2006 година за “азурите“ исто така со домаќинот на мундијалскиот собир, Германија. Италија по продолженија триумфираа над “панцирите“ што значеше виза во финалето, подоцна Италија преку пеналите во финалето се радуваше на трофејот “Жил Риме“.  


Двојки:

14:00ч Ерменија – Грузија

15:00ч Андора – Молдавија, Сан Марино – Лихтенштајн

16:00ч Албанија – Словенија, Белорусија – Казахстан, Грција – Канада

17:00ч Иран – Русија, Летонија – Боливија

17:30ч Македонија – Камерун

17:45ч Хрватска – Чешка, Азербејџан – Унгарија, Израел – Србија, Турција – Јужна Кореја

20:15ч Естонија – Бугарија, Данска – Англија, Луксембург – Словачка

20:30ч Белгија – Финска, Холандија – Австрија, Малта – Швајцарија, Полска – Норвешка

20:45ч Германија – Италија

21:00ч Аргентина – Португалија, Франција – Бразил

21:30ч Шпанија – Колумбија

02:00ч Мексико – БиХ

Mх.П.