Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои титулата на американскиот грен слем турнир. Надал, во маратонски меч кој траеше без малку пет часови, со 3-2 (7-5, 6-3, 5-7, 4-6, 6-4) во сетови го совлада Русинот Данил Медвевед.

Финалето на УС Опен започна со сет освоен на Надал. Шпанецот при 6-5 во гемови направи брејк и поведе со 1-0. На крилата од почетното водство, Надал, во вториот сет комплетно доминираше. 33-годишниот тенисер со 6-3 го доби вториот сет за водство 2-0.

Дека не случајно се најде во големото финале, Медведев, покажа во третиот и четвртиот сет. Во третиот сет со брејк на 6-5 намали на 2-1 а во четвртиот сет успеа комплетно да се врати изедначувајќи 2-2.

Во петтиот сет каде падна одлуката за новиот шампион на УС Опен подобро се снајде Надал. Шпанецот, гем на противнички сервис освојуваше за водство 3-2 и 5-2 што беше недостижно за борбениот руски тенисер кој мораше да се помири со поразот.

Надал ја освои четвртата титула на УС Опен а се доближи до една од лидерот во вкупниот пласман Рожер Федерер, кој има 20 титули.

OhridNews