Компанијата Епл денеска претстави два нови модели на нивниот паметен телефон iPhone. Стандардната верзија на телефонот го носи името iPhone 5S додека голем новитет на оваа компанија е поевтината верзија на истиот односно iPhone 5C.
Се што треба да знаете за iPhone 5C
Дизајн
iPhone 5C има благо закривена поликарбонска маска која доаѓа во сина, зелена, бела, жолта и розева боја. Враќајќи се кон култниот iPhone 3, задниот дел на новиот 5C е направен од една компонента. Тој ќе го користи новиот iOS 7 оперативен сиостем чија боја автоматски ќе биде сетирана да одговара со маската. Епл исто така нудат заштини гумени маски специјално дизајнирани за овој телефон по цена од 30$.
Компоненти
По претставувањето на телефонот многу луѓе сметаа дека неговата внатрешност ќе биде иста со таа на iPhone 4s, но кога беа објавени деталите Епл пријатно ги изненади присутните со тоа што објави дека 5C ќе користи A6 процесор и 8 мегапикселна камера односно по се изгледа дека 5C e “пластична” варијанта на претходникот iPhone 5. Исто така предната камера на новиот модел е значително подобрена од таа на iPhone 5.
Цена
Цената навистина е големо изненадување, основната верзија со меморија од 16GB на американскиот пазар ќе чини само $99 долари со две годишен договор додека 32GB верзија ќе има цена од $199 долари.
Се што треба да знаете за iPhone 5S
Дизајн
Дизајнот на новиот iPhone 5S е скоро идентичен со неговиот претходник. Единствена разлика е златниот прстен околу “home” кочето кој го претставува нивиот нов читач на отпечатоци и тоа што 5S ќе биде достапен во златна боја.
Компоненти
Првата голема разлика од неговиот претходник е новиот А7 64 битен процесор, односно првиот 64 битен процесор кој некогаш е вграден во паметен телефон. Неговата брзина е скоро двојно поголема од iPhone 5, а исто така новиот модел ќе има и помошен процесор кој го носи името M7 кој е задолжен за сензорите на телефонот.
Втората голема разлика е што iPhone 5S има вграден читач на отпечатоци кој компанијата го нарекува “Touch ID”. Поставете го вашиот палец на кристалното “home” копче и телефонот ќе се отклучи. Тој може да биде сетиран да чита повеќе отпечатоци, а исто така може да се користи за купување на апликации од “iTunes”.
Третата разлика е подобрената камера која има 15% поголем сензор и нов двоен блиц, што ја прави 33% поосетлива на светлина од камерата на
iPhone 5. Исто така новата камера има можност да снима во забавена снимка до 120 слики во секунда.
Phone 5S има подобрена батерија која овозможува 10 часа активен разговор, 10 часа пребарување користејќи LTE и 250 часа во мирување.
Цена
Епл ја продолжуваат традицијата со цените на нивните нови уреди па така iPhone 5S на две годишен договор во САД ќе чини $199 долари за 16GB верзија, $299 за 32GB и $399 за 64GB.
Продажбата на двата уреди во САД ќе започне во петок 20ти септември.
OhridNews