Компанијата Епл наскоро ќе ја претстави новата верзија на нивниот “iPhone” односно “iPhone 5” кој со нетрпение го очекуваат милиони обожаватели на брендот.

Според гласините новиот “iPhone 5” треба да биде “освежување” на линијата, а од компанијата се надеваат дека по неговото пуштање во продажба ќе го вратат првото место на пазарот за паметни телефони кој во моментот е доминиран од нивниот најголем конкурент Самсунг.