За да ги конвертирате вашите стари плочи во MP3 формат единствено ви е потребен новиот уред наречен “iLP turntable” кој се состои од грамофон кој на прв поглглед не изгледа невообичаено, но тоа што го прави посебен е приклучокот за iPad, iPhone и iPod од компанијата Епл.

Доволно за својата омилена плоча да ја направите достапна во MP3 формат е да ја пуштете да свири на грамофонот и да го поврзете вашиот iPhone, а харверот и софтверот ќе го направат останатото. Овој уред има и USB приклучок па истата функција може да ја изврши ако се поврзе со компјутер.
Цената на овој уред е околу 100 фунти во која е вклучена и испораката секаде низ Европа, но плаќањето може да се изврши единствено преку PayPal што во нашата држава претставува проблем.