Епл повторно бара да се забрани продажбата на мобилните уреди на Самсунг, а овој пат во тужбата се најдоа најпознатите модели во кои спаѓаат “Galaxy S3″,”Galaxy Note” и “Galaxy Note 10.1”.

Причина за оваа тужба повторно е “прекршување на патенти”, односно овој пат Епл тврди дека биле копирани односно прекршени осум патенти од страна на Самсунг.
Оваа тужба не беше неочекувана посебно ако се знае дека Епл ќе го лансира нивниот нов мобилен уред “iPhone 5” во следните две недели, а пазарот за мобилни уреди оваа година беше доминиран од Самсунг посебно од нивите нови модели “Galaxy S3” кој е најголем конкурент на новиот “iPhone” и “Galaxy Note 10.1”, најголем конкурент на “iPad”.