Оваа седмица, беше промовиран новиот продукт на компанијата „Епл“ – „Ајпад мини“. Помалиот брат на мега-популарниот Ајпад, како што го нарекуваат експертите, е многу полесен, помал и пофункционален за разлика од својот претходник. Тежи само 300грама, а  7.9 инчниот дисплеј овозможува резолуција од 1.024 x 768 пиксели. Цената од 329 евра, која е прилично висока за разлика од конкурентите, не ги заплашува сопствениците на компанијата од евентуален неуспех на производот.

Инаку, ова е прва промоција на еден нов продукт на Епл, по смрта на основачот на компанијата, Стив Џобс минатата година.

OhridNews