Британски судија одлучил Епл да објави изјава на нивиот вебсајт во која ќе е напишано и објаснето дека компанија Самсунг не го копира нивниот “iPad”.
Оваа одлука била донесена откако на 9ти јули Самсунг бил ослободен од обвиненијата дека ги прекршил авторските права на Епл за дизајнот на нивниот популарен “iPad”.

Ова е само една од многуте тужби помеѓу Епл, Гугл и Самсунг кои се поднесени ширум светот, а во кои компаниите меѓусебно се обвинуваат за прекршување на авторските права и крадење технологија во обид да се наштети угледот на нивните конкуренти.