Од компанијата Епл изјавија дека според нивните проценки тие продале 2 милиони уреди помалку поради спорот со нивниот конкурент Самсунг што на комппанијата ја чинело околу 488 милиони долари.

Двете компании во текот на судскиот процес за прв пат ги откриле деталните бројки кои се однесуваат на продажбата на нивните паметни телефони и таблети.
Епл има продадено 86 милиони телефони во САД, а во оваа цифра спаѓаат сите верзии на Ајфонот продадени од 2007 до 2012. Исто така имаат продадено 34 милиони таблети во последните две години.
Во истите документи стои дека Самсунг во САД има продадено 21 милион паметни телефони и 1,4 милиони таблети во последните две години.