Фени Индустри ќе биде домаќин на Фершпед Работнички во петтиот натпревар од финалето на кошаркарскиот плеј-оф. Една од екипите вечерва по одигрувањето на мечот кој започнува во 20:15 часот ќе се стекне со предност од 3:2 во победи. Во сите досегашни првенства кога за титулата биле потребни четири победи екипата што водела со 3:2 станувала шампион.
Тренерот на домаќините Емил Рајковиќ сака неговите кошаркари да ја повторат играта во одбрана од претходните два натпревара и е оптимист дека кавадарчани ќе стигнат до третата победа во серијата.
– Тоа што го најавив дека можеме да направиме брејк во Скопје се оствари. Но се ќе биде залудно доколку вечерва не успееме да победиме во Кавадарци. Мора да ја задржиме концентрацијата во сите 40 минути на максимално ниво и со борбена и пожртвувана игра да стигнеме до успех. Најголем проблем ќе ни бидат повредите на Самарџиев и Мираковски, истакна тренерот на шампионот.
Рајковиќ упати апел до навивачите да создадат убава атмосфера со фер и коректно навивање.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com